Пакувањата со по 19 цигари излегуваат од употреба, а во наредниот период сите пакувања ќе мора да имаат 20 цигари. Така велат промените во Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, донесен во мај мината година, а примената мора да се направи до ноември, годинава.
Производителите на цигари веќе го прилагодуваат производството, што заедно со зголемениот износ за акциза, која се наплатува по цигара, ги зголемува трошоците на компаниите за приближно 5 денари, за колку ќе поскапат и цигарите.
Промените на Законот најмногу ги погодува производителите, кои имаат најголем удел во понискиот ценовен сегмент од пазарот.