Дејтонскиот договор потпипшан пред две и пол децении ја напрви Босна и Херцеговина држава „невозможна за управување“, отворајќи опасен пат за силите кои не се откажаа од нејзиното разнебитување, оцени во неделата високиот меѓународен функционер Кристијан Шварц-Шилинг.
Поранешниот висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, конзервативниот герамнски политичар Кристијна Шварц-Шилинг кој важи за извонреден познавач на состојбита во Босна и Херцеговина, во колумна објавена во неделата на Deutsche Welle (DW), вели дека е крајно време оваа земја конечно да ја почувствува правдата, бидејќи без правда нема ни траен мир.
„’Силата на фактите’ веќе 25 години од воспоставувањето на Дејтон го одредува политичкото дејствување и соживотот во сите сегменти од живеењето во БиХ, а тоа нема никакви врски со помирувањето и правдата по војната. Напротив, Дејтонскиот договор го забетонира патот за националистичките и сецесионистички сили во Босна и Херцеговина, кои со децении тежнеат кон разбивање на државата“, напиша Шварц-Шилинг прозивајќи ја меѓународната заедница дека денес ги прави истите грешки како и во 1990-те години кога немо ги следеше настаните во поранешна Југославија.
Како илустрација за „недозволивата пасивност“ го наведува толерирањето на агресивната и националистичка реторика на многу боснанско-херцеговски политичари кои со години ги величат осудените воени злосторници.
Шварц-Шилинг потсетува дека во БиХ и денес постои Висок претставник кој има можност да дејствува, но тоа не му се дозволува а доколку се продолжи со таквата пасивна политика, предупредува германскиот политичар, оваа земја едноставно може да се распадне.
„Денешната БиХ е нестабилна, правната држава тешко дека постои, корупцијата е на високо ниво, сиромаштијата и социјалната несигурност постојано растат, а падот на бројот на населението, затоа што младите и квалификувани луѓе заминуваат од БиХ, со години е речиси незапирлив. Дејтонскиот договор и Уставот на БиХ, меѓутоа, остануваат непроменливи, ги поткопуваат демократските права и така ја водат земјата сѐ подлабоко во бесперпективност и сѐ подалеку од ЕУ“, оценува Шварц-Шилинг.
Истакнува и дека Дејтонскиот договор им ги одземал демократските права на сите малцинства, бидејќи тие практично не постојат во Уставот на БиХ кој предвидува само три етнички групи како конститувни народи.
„Основните права на многу Босанци и Херцеговци се избришани со Дејтонскиот договор“, пишува Шварц-Шилинг, кој како Висок претставник за БиХ во 2006 и 2007 година сакал поенергично да делува, па дури и да се смени српскиот челник Милорад Додик од должноста, но западните сили го спречиле во тоа блокирајќи ги извршните овластувања кои ги имал.
Сега изрично тврди дека замислата на авторите на Дејтонскиот договор никогаш не била содржината на овој документ во оригиналната форма, бидејќи тој требало да послужи само за да се запре војната.
Германецот пишува дека главниот американски преговарач Ричард Холбрук му пренел дека договорот постојано ќе се менува, чекор по чекор а во таа 1995 година шефот на германскиот преговарачки тим во Дејтон, Волфганг Ишингер, дури инсистирал во документот да биде внесена и клаузула според која ревизијата би започнала три години по потпишувањето на договорот.
По 1995 година некои од овластувањата кои БиХ како држава навистина ги немаше врз основа на одредбите во уставот од Дејтон, сепак ѝ се дадени преку одлуките кои ги носеле Високите претставници и преку законите усвојувани во парламентот, но тој процес е блокиран речици цела деценија и половина, откако пропадната ткн „Априлски пакет“ на уставните промени предложен во 2006 година.