Во дербито на второто коло од германското фудбалско првенство Хофенхајм го совлада актуелниот европски шампион минхенски Баерн со 4:1.
Иако Баерн претходно седмицава на „тројната круна“ го придодаде и европскиот Суперкуп со победата над Севилја, Баварците во неделата налетаа на расположените играчи на Хофенхајм кои можеа да слават уште поубедливо.
Ова беше првиот пораз на Баерн по 7-ми декември 2019 година, односно по 21 натпревар во германското првенство по оној кај Норусија Менхенгладбах од 1:2, во кои оствари 20 победи и едно реми или по 33 официјални натпревари. Покрај тоа, ова е највисокиот пораз на Баерн по оној од франкфуртски Ајнтрахт од 1:5 на 2-ри ноември 2019-та.
Главен играч на натпреварот беше хрватскиот репрезентативец Андреј Крамариќ кој беше двоен стрелец, а во првите три дуели сезонава веќе постигна седум голови.
Домашните поведоа во 16 минута со голот на Ермин Бичакчиќ откако Денис Гриер одлично натфрли од корнер. Само осум минути подоцна Минас Дабур ја искористи грешката на одбраната на Баерн и изби сам пред Маниел Ноер кого мајсторски го префрли. Европскиот првак се врати во игра 36 минута со голот на Јозуа Кимих.
Во последните моменти Крамариќ имаше одлична шанса, но Ноер ја скршна топката во пречката. Уште подобар можност имаше Дабур во 50 минута, но го промаши голот.
Домашните го навестија триумфот во 77 минута преку Камариќ а точка стави истиот играч во првата минута од судиското продолжение.
Хофенхајм со оваа победа го презема врвот на табелата со шест бодови, колку има и Аугсбург, додека Баерн остана на три бода.
Подоцна играат Фрајбург и Волфсбург.