21.8 C
Skopje
четврток, октомври 17, 2024

Град Скопје на привремени вработувања ќе потроши околу 60.000 евра

Град Скопје на 28-ми септември склучи договор за привремени вработувања вреден речиси 60 илјади евра.

Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки како предмет за јавна набавка е наведено: Aнгажирање на агенција за обезбедување на услуги за привремени вработувања.

Сумата која Град Скопје треба да ја исплати изнесува 3.499.999,99 денари.

Неодамна од Град Скопје распишаа огласи со кои планираат да потрошат 60 илјади евра на авионски билети, 32 илјади евра на хотели и такси превоз како и 200 илјади евра на новогодишно украсување.