ЕУ воведе ембарго на испораките за оружје во ЦАР

Европската унија ги забрани испораките на оружје и воена опрема во Централноафриканската република, пренесе „РИА Новости“.

„Советот на ЕУ го забрани извозот на оружје и воена опрема од ЕУ до ЦАР, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации број 2.127 од петти декември. Забраната се однесува исто и на обезбедување на финансиска и техничка помош“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Исклучок ќе се прави при испораката на оружје и материјална помош на меѓународните мировни мисии во земјата, вклучувајќи ја и МИСЦА и француската војска, кои дејствуваат во ЦАР по силата на резолуција на ОН.