![Христијан-Мицкоски-750x390](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/Hristi-an-Mickoski-750x390.jpg?resize=696%2C362&ssl=1)
Разликата во кажаното е околу две недели. Вистината е дека се надминува границата од Мастришките критериуми од над 60% од БДП, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Должничкото сценарио станува драматично, додека Владата нема капитални проекти, а ги троши парите на граѓаните.
Економијата на Заев блеска со порази, неспособност и криминал. Го достигнаа историскиот максимум во задолжувањето, исто како и во кризата и неспособноста на било која влада до сега“, напиша Мицкоски.