Во акција на полицијата во јужниот регион на земјава уапсени криумчари на мигранти од кои четворица завршија зад решетки.
Од 500-тини до 700-тини евра толку земале криумчарите за еден пренесен мигрнат од грчка на македонска територија, за потоа да бидат пренесени во кумановско-липковскиот регион, а потоа ги пренесувале преку српска граница. Денеска сузбиена е организирана криминална група која пренесувала мигранти во струмичкиот регион во полициската операција „Реприза“.
Акцијата почнала во раните утрински часови во куќи и викендици кај пет лица, во вкупно шест објекти на територија на Гевгелија, Струмица и Неготино, а едно лице избегало.
Организаторите на криминалната група се двајца браќа кои во соработка со засега непознати лица од кумановско – липковскиот регион и од Грција. Во период од десет месеци осомничените организирале 150 мигранти од Авганистан, Пакистан, Ирак преку диви премини од Грција да влезат во околината на Дојран, Гевгелија и Струмица.
Надлежниот обвинител до судијата ќе достави предлог за определување на мерка притвор за сите осомничени лица.
Рутата на мигрантите застана на северната граница на Македонија одкако Србија почна да крева ограда на границата за влез на мигрантите одкако северниот сосед донесе одлука по затворањето на рутата за бегалците од страна на унијата. Канал 5 на почетокот на септември ја снимаше приказна за нивната судбина.
Неколкумина беа фатени пред српската граница од страна на полицијата и донесени во кампот за бегалци во Табановце. Мигрантите не сакаа да раскажат како стигнуваат до кримучарите на луѓе. Тие ги даваат последните пари за да стигнат во Србија.
Со затворањето на рутата кон Европа во регионот од Македонија до Хрватска според Црвениот Крст заглавени се околу 50 илјади луѓе чија дестинација била Западна Европа.