Мрежата за микроблогирање Twitter објави во петокот дека ќе ги отстрани сите објави кои повикуваат на мешање во американскиот изборен процес, а компанијата, исто така, најави нови мерки против ширење дезинформации во пресрет на претседателските избори во САД.
Од Twitter најавија дека корисниците од следната седмица ќе ги насочуваат на веродостојни извори, доколку се обидат да ретвитуваат содржини кои залажуваат.
Додаваат дека ќе ги зголемат предупредувањата и ограничувањата на твитовите со лажни информации за американските политичари, како што се кандидатите или лицата од изборните штабови, како и на американските профили со повеќе до 100.000 „пријатели“ или оние со „значителен ангажман“.
Исто така, од Twitter објаснуваат дека корисниците ќе мора да кликнат на предупредувањето пред да можат да ги видат залажувачките твитови. Ќе биде исклучена и опцијата за „лајкување“ и реобјавување на таквите содржини.
Од компанијата велат дека се ставени предупредувања на илјадници залажувачки објави чија веродостојност треба да се провери, а најмногу внимаени привлекле предупредувањата на твитовите на американскиот претседател Доналд Трамп.
Социјалните мрежи се под притисок на одредени политички кругови да одговорат на наводни дезинформации и да се подготват на „можно онлајн насилство и заплашување“ во пресрет на американските претседателски избори на 3-ти ноември.