Кичо Слабинац повторно е во критична состојба

Хрватскиот пејач Крунослав Кичо Слабинац повторно е во критична состојба, откако кон крајот на јули бил на вградуање на три бајпаси. И тогаш медиумите шпекулираа дека се бори за живот, но најблиските демантираа, а Кичо излезе од болница.

Сепак, состојбата се влошила, поради што тој бил поврзан со апарати за дишење, пишува хрватскиот весник „Јутарњи“.

Познатиот музичар беше опериран во Универзитетскиот болнички центар Загреб, каде што не заздрави како што беше планирано. Се појавиле проблеми со заздравување на градната коска предизвикани од прекумерна тежина. Потоа, како што пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“, добил болничка инфекција, а потоа и пневмонија.

Слабинац успеал да заздрави. Сепак, раната на градите повторно се отворила. Кога лекарите успешно ја залечиле раната, Слабинац повторно добил воспаление и на крајот завршил на респиратор.

-За време на овие два месеци, семејството се подготвуваше за најлошото во неколку наврати“, изјавиле пријателите на Кичо за „Јутарњи лист“.

Тешко е за семејството на музичарот и затоа што не можат да го посетат поради ситуацијата со коронавирусот.

-Слушнавме дека тој е повторно свесен, дека може да комуницира со очите и со стисок на раката… Тој сè уште не може да зборува поради цевката во грлото, но неговата состојба се подобрила во последните неколку дена“, откриваат пријателите на легендарниот пејач.