
Преполно е струмичкото инфективно одделение и дневниот КОВИД центар.
Се бара кревет повеќе за сместување на пациентите позитивни на корона – вирусот во Струмица.
Од управата на болницата потврдуваат дека бројот на заболени е загрижувачки, а на одделението се сместени околу 50 пациенти.
Од Центарот за јавно здравје велат дека до пред две недели возрасната граница на заболените се движела помеѓу 15 и 30 години во Струмица, додека во моментов заболените се и до 70 годишна возраст.
Од струмичката болница велат дека состојбата во градот е алармантна и потребно е итно да се преземат мерки бидејќи немаат ниту просторни ниту кадровски капацитети за поголем број заболени.