Пејачката Доли Партон позираше за Плејбој уште во 1978 година, а последните недели кружат гласини дека планира да го повтори изданието по повод нејзиниот 75-ти роденден.
Иако беше само шпекулација, дивата го потврди сето тоа во радио-емисијата Скот Милс и Крис Старк на радио БиБиСи 5.
-Па, има некоја вистина во тоа … би можело. Ако сè може да се направи со доза на вкус и ако им одговара на нив и мене, јас би можела да го сторам тоа и да го поткрепам со добро интервју. Значи, да, тоа е можно. И да, разговаравме за тоа, рече дивата, предизвикувајќи ентузијастички реакции од слушателите.