Мицкоски: Споредено со трошоците на живот плаќаме меѓу најскапите струи во Европа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само интервју“ зборуваше за поскапувањето на електричната енергија кое го прави власта предводена од СДСМ и рече дека Република Македонија споредбено со трошоците на живот плаќа меѓу првите три најскапи струи во Европа.

-Власта не уверува дека имаме најниска цена во регионот. Тоа не е точно затоа што вие ако ја споредите во киловатчас којашто ја плаќаат македонските граѓани визави просечната плата во државата сме во топ три држави во Европа, истакна претседателот Мицкоски.