Вучиќ потврди дека Србија никогаш нема да ѝ воведе санкции на Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во средата дека неговата земја никогаш нема да ѝ воведе санкции на Русија, иако е под притисок и, како што рече, и натаму ќе биде под притисок.

„Ние сме на патот кон ЕУ, но, ќе ја зачуваме нашата позиција и нема да ги расипеме односите со Русија“, вели Вучиќ во интервју за руската агенција ТАСС/

Посочува дека и Србија била под санкции и оцени дека тие не се најдобра политика.

„Србија плати висока цена. И тоа не доведе до добри резултати, кажа Вучиќ, кој додаде да Србија ќе ја брани својата територија без членство во ниту една воена структура.

„Сакам да и го кажам тоа на целата руска јавност, дека веќе осум години слушам дека Вучиќ сака да ја вовлече Србија во НАТО, дека Вучиќ е предавник кој сака само да ја искористи можноста да го стори тоа … Се покажа дека сите ’големи руски пријатели’ влегле во НАТО, само не и ’предавникот Вучиќ’ “, вели српскиот претседател.

Вучиќ го повторува ставот дека Србија никогаш нема да влезе во НАТО или во која било друга воена структура. Како што рече, Србија ќе биде самоодржлива, независна и слободна држава, која се придржува до политиката на воена неутралност.