Вангел Божиновски, архитект и новинар во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за дислокацијата на споменикот на Ќосето, за брусењето на шахтите и рече дека тоа претставува нешто што оваа власт треба да го спроведе заради Договорот од Преспа.
„Тоа не е идеја на ниедна група, ниту организирана комисија тоа е нешто што веројатно што оваа власт треба да го спроведе заради договорот од Преспа. Изгледа дека договорот од Преспа е дебела книга која има можеби повеќе од 60 страници во која веројатно има детали до најситно штрафче што да се отстрани и тие како власт која се согласила не заради Македонија и македонската историја туку заради нешто сосема друго ќе мораат да го спроведуваат“, истакна Божиновски.
Божиновски додаде дека на власта и смета и Триумфалната капија затоа што на тоа место е подигната Триумфалната капија и на неа се назначени сите историски периоди на Македонија и сити триумфи на Македонија.