Шпанската автономна покраина Каталонија во четвртокот воведе петнаесетдневна забрана за влегување и излегување на/од нејзината територија надевајќи се дека ќе го запре ширењето на коронавирусот, а шпанската влада во Мадрид прогласи вонредна состојба којашто ќе биде на сила до 9-ти мај.
Каталонија, североисточнаа покраина со 7,5 милиони жители којашто ума удел од повеќе од 20 отсто во шпанскиот бруто домашен производи, е едно од жариштата на коронавирусот во Шпанија. Каталонија е една од најбогатите делови на земјата, благодарејќи на развиениот туризам и индустријата.
Регионалната влада веќе воведе строги мерки, како што се петнаеседневно затоврање на кафулињата и рестораните, што сега ќе биде продолжено за уште две седмици. Од петокот на полноќ се откажуваат сите културни настани и вонучилишни активности на учениците. Полицијата би требало да ги контролира патниците и да ги пропушта само оние со оправдана причина и потврда.
„Сега е моментот да се запрат општествените настани. Момент е да останете дома за да ги одржиме само клучните активности, како што е наставата во училиштата, работењето на продавниците и дејностите кои не може да се извршуваат од дома“, изјави каталонскиот премиер Пере Арагонес во обраќањето до јавноста во Барселона.
Каталонската влада ги објави најновите мерки истовремено кога во шпанскиот парламент во Мадрид се водеше дискусијата околу повторното воведувње на вонредната состојба во земјата. Владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез прогласи вонредна состојба која ќе трае дури до 9-ти мај, и во текот на овој период секоја од 17-те автономни покраини ќе може да воведува свои рестриктивни мерки.
„Свесни сме дека граѓаните се заморени по напорите кои ги направија сиве овие месеци и поради жртувањата кои ги поднесоа. Граѓаните повеќе не можат да ги прават работите кои ги правеа некогаш, да ги прегрнуваат луѓето, членовите на своите семејства и пријателите. Но сега не е време за ублажување на мерките, бидејќи пред нас се многу тешки седмици и месеци“, изјави министерот за здравство Салвадор Иља во обраќањето во парламентот.
Од почетокот на епидемијата на коронавирусот, Шпанија забележа 1,1 милион од 9,5 милиони заразени лица во Европа. Од март досега починале 35.446 луѓе како последици на компликациите предизвикани од вирусот.