Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, порача дека Македонија мора да изгради заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија.
-Треба остро да ја осудиме позицијата на официјална Софија истакната преку нивниот меморандум со којшто тие без никакво право се мешаат во националниот, јазичниот и уставниот идентитет на една соседна држава.
Сакам во среда да ја свикам Комисијата за надворешна политика. Очекувам да бидат присутни и претставниците од владејачкото мнозинство и сите заеднички да изградиме став дека бугарскиот меморандум е за осуда. Со таквиот став сметам дека ќе си го зачуваме своето достоинство, а исто така ќе ги подобриме и позициите на Република Македонија во македонско-бугарските односи.
Ние мора да покажеме цврстина и став, и како Собрание да покажеме дека имаме црвени линии – вели Милошоски.