Таканаречениот „мал Шенген“е добро решение за справување со ковид кризата меѓу Македонија, Албанија и Србија. Само на овој начин со здружени сили трите земји ќе може полесно да се справат со предизвиците, а Србија е подготвена да ги стави на располагање своите болнички капацитети за овие две соседни земји.
Ова беше изнесено на заедничката видео конференција на регионалниот форум за млади лидери на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Албанијам, Еди Рама.
Во соопштението од Владата наведуваат дека премиерот Заев ја изразил потребата од заедничка соработка додавајќи
„Во услови на криза нашите држави работат и сме во постојана комуникација помеѓу себе. Координираните одговори на најголемите предизвици кои се исправија пред нас донесоа и придобивки. Ја зајакнавме постоечката соработка, покажавме висок степен на солидарност и капацитет на носење одлуки за граѓаните на нашите земји.“
Српскиот претседател Вучиќ, пак, изрази жалење што сѐ уште не е постигнат договорот за здравствена соработка во борбата против Covid-19, но се надева дека до Самитот на ЕУ – западен Балкан ќе биде постигнат.
Тој договор ќе им овозможи на граѓаните на Србија, Албанија и Македонија да патуваат без PCR-тест, верувајќи им на здравствените власти на земјите. Тоа исто така значи и взаемна помош, меѓу другото, и на можноста граѓаните на Северна Македонија и Албанија да ги користат нашите болници за лекување, што ќе не направи многу посилни, а соработката би вклучувала и размена на медицинска опрема и сè друго што е потребно во борбата против Covid0 19.
Ставот на Вучиќ кој го изнесе и на конференцијата е дека поголем ефект за евроинтеграциите на земјите од малиот шенген ќе има само доколку заеднички тропнат на вратите на ЕУ, бидејќи поединечно исходот нема да биде ист.
Дел од конференцијата требаше да биде и црногорскиот претседател Ѓукановиќ, но во последен момент го откажал своето учество.