Преглед ЛШ: Бледа Барса, Краснодар испушти два гола предност во Севилја, Јунајтед изненаден во Истанбул

Во третото коло од Лигата на шампионите во средата вечерта Барселона одвај го победи дееткуваниот киевски Динамо кој настапи со грст млади но талентирани играчи, РБ Лајпциг го победи ослабениот ПСЖ, а победи забележаа Челзи, Јувентус и Борусија Дортмунд.

Во Групата Е, руски Краснодар поведе на „Санчез Пизхуан“ со 2:0, но Севилjа успеа да направи пресврот, и притоа постигнувајќи два погодока со играч помалку.

Магомед-Шапи Сулејманов го доведе во водство Краснодар во 17 минута, а само четири минути подоцна Маркус Берг од пенал го удвои водтвото. Иван Ракитиќ во 42 минута намали на 1:2 со глава по нафрлувањето од Жоан Жордан. Во последните минути од првиот дел Севилја остана со играч помалку, откако поради груб фаул беше исклuчен Жезус Навас. Сепак, Андалузијците со играч помалку успеаја да израмнат во 69 минута преку Јусeф Ан-Несри. А само три минути подоцна овој марокански напаѓач ја доведе во водство Севилја и како што се покажа до победа.

Во вториот меч од оваа група Челзи немаше проблеми против Рен, и го совлада со 3:0. Тимо Вернер реализираше два пенала, во 10 и во 41 минута, а конечниот резултат го постави Тами Абрахам во 50 минута. Гостите од 41 минута играа без исклучениот Енрике Далбер.

На табелата водат Челзи и Севилја со по 7 бодови, додека Краснодар и Рен имаат по бод.

 

Во натпреварот од Групата Х кој важаше за дерби на вечерта, РБ Лајпицг со 2:1 го победи Пари Сен Жермен кој настапи без дури седум првотимци кои се повредени, а меѓу кои се и најголемите ѕвезди Нејмар и Килијан Мбапе. ПСЖ имаше водство од 1:0 и пенал кој не го реализираше, му беа поништени два гола, па на крајот го впиша вториот пораз во групата и притоа завршувајќи го дуелот со два играча помалку.

Гостите од Париз поведоа уште во 6 минута со голот на Анхел Ди Марија, но Аргентинецот во 16 минута пропушти да го удвои водството зашто не ја реализираше најстрогата казна, неговиот удар го одбрани голманот Петер Ѓулаши. До крајот на полувремето ПСЖ постигна уште два погодоката, кои беа поништени поради офсајд, на Ди Марија во 37 и на Моис Кин во 39 минута.

Германскиот тим израмни во 42 минута со убавиот гол на Кристофер Нкунко, а во 59 минута преку Емил Фосберг од пенал стаса и до водство. Неволјите на ПСЖ се зголемија во 69 минута откако Идирса Гуеја доби црвен картон, а катастрофалната ноќ за парижаните ја доврши Преснерл Кимпембе кој беше исклучен во судиското продолжение.

Во вториот дуел од истата група, Истанбул Башакшехир го приреди изненадувањето на вечерта совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:1. Ова е третиот последователен пораз на „Црвените ѓаволи“ на гостувањата во Турција, по поразите од Галатасарај од 0:1 во ноември 2012 и Фенербахче од 1:2 во ноември 2016 година.

Откако Манчестер Јунајтед во првите две кола ги надигра ПСЖ (2:1) и РБ Лајпциг (5:0), се очекуваше дека без стрес ќе го „одработи“ гостувањето во Турција, кај Башакшехир кои во првите две кола нанижа два пораза без да постигне гол. Меѓутоа, турскиот првак одигра одлично победувајќи го англискиот великан.

Турците поведоа во 13 минута по брзата контра која ја реализираше Сенегалецот Демба Ба, кој од Един Вишча доби долга топка на центарот и сам претрча до противничкиот гол. Со овој погодок, пораншниот играч на Челзи и Њукасл стана вториот највозраен африкански стрелец во историјата на Лигата на шампионите, а голот го постигна со 35 години и 163 дена. Постар од него е само Дидие Дрогма кој имаше 36 години и 259 дена која го постигна воедно и својот последен погодок во ЛШ во ноември 2014 година.

Во 40 минута по уште еден молскавичен контранапад кој го почна Дениз Туруч а Ба со финта ја пропушти за Вишча овој погоди за 2:0. Во последните моменти од првиот дел Ентони Марсиал намали на 1:2, враќајќи го надежите на Јинајтед. Но во второто полувреме домашните умешно се бранеа и ги освоија првите бодови во елитното континентално натпреварување.

На табелата водат Манчестер Јунајтед и РБ Лајпциг со по 6 бодови, додека ПСЖ и Башакшехир имаат по 3 бода.

 

Во Групата Г, Барселона и Јувентус остварија очекувани победи против Динамо Киев и Ференцварош.

Барселона на својот „Камп Ноу“ со 2:1 го победи Динамо кој допатува без шест играчи и пет членови на стручниот штаб, кои се позитивни на коронавирусот. Откако Лионел Меси уште во 5 минута реализираше пенал се очекуваше уште дузина голови во мрежата на гостите. Но Барса погоди само иште еднаш во 65 минута преку Жерар Пике, а гостите намалија преку Виктор Циганков, откако претходно им беше поништен погодок бидејќи при изведување на корнер топката ја минала основната линија.

На голот на Динамо брилјираше 18-годишниот Руслан Нешерет кој своите деби во Лигата на шампионите ќе го памети по тоа што „скина“ најмалку четири топки кои сите на стадионот веќе ги видоа зад неговиот грб. На другата страна, пак, Тер Штеген трипати во свој стил бравурозно интервенираше спасувајќи ги Каталонците од бламажа.

Во вториот меч од групата Јувентус во Будимпешта го победи Ференцварош со 4:1. Головите за торинската „Стара дама“ ги потигнаа Алваро Мората во 7 и 60 минута, Пауло Дибала во 72 и Лаша Двали во 81 минута си постигна автогол, додека за унгарскиот тим погоди Франк Боли во судиското продолжение.

На табалата Барселона води со сите 9 бодови, Јувентус има 6, а Динамо и Ференцварош по еден бод.

 

Во Групата Ф, Борусија Дормунд рутински го одработи гостувањето во Белгија победувајќи го Клуб Бриж со 3:0.

Резултатот беше познат по половина час игра, а стрелци беа Торган Азар во 14 и Ерглин Халанд во 18 и 32 минута. Младиот Норвежанец така стаса до 14 погодоци во 11 настапи во Лигата на шампионите.

Во вториот меч од оваа група Зенит и Лацио одиграа 1:1. Домапните поведоа во 32 минута со голот на Александр Ерохин во одлична акција во којашто учествуваа и Јуриј Жирков, Далер Кизјаев и Артем Дзјуба. Жирков од левата страна нафрли во шеснаесетникот за Дзјуба кој со гради продолжи до Кизјаев а тој веднап му врати со глава, па Дзјуба повторно со глава продолжи до Ерохин кој од волеј погоди за водството.

Лацио, кој настапи без најдобриот стрелец Чиро Имобиле и без најдобриот асистент Луис Алберто, а не играа уште четири првотимци, успеа да израмни во 82 минута преку Фелипе Каиседо кој огоди од работ на шеснаесетникот во долниот десен агол од домашниот гол.

На табелата води Борусија Дортмунд со 6 бодови, Лацио има 5, Клуб Бриж 4 а Зенит го освои првиот бод.