Како што постојат „правила“ за заљубување, така постојат и оние тивки знаци што се вовед кон одљубување, односно знаци дека љубовта венее.
На жените им е потешко да признаат дека престанале да го сакаат партнерот, но кога ќе се распрсне сликата за нивниот „идеален маж“, за жените љубовта е готова.
На жените им е исклучително важен хуморот и ако тоа почнува да бледнее, врската им станува здодевна.
Запоставувањето и преголемото опуштање во врската, односно земањето „здраво за готово“ водат кон оладување на чувствата. Ова се три работи поради кои жената престанува да сака и нема да премине преку нив за да опстои врската.
Не се чувствува почитувана
Секоја жена сака да биде почитувана. Таа мора да добива внимание, партнерот да ѝ кажува колку му значи и дека нејзината улога е незаменлива во неговиот живот. Тоа е најдобриот начин да се зачува врската, а на партнерот кој ќе ѝ покаже почит, таа ќе му одговори со двојна мера.
Недостига интимност
Психологот Џудит Шервен вели дека секоја жена која чувствува поврзаност со партнерот има огромен потенцијал за љубов и градење на таа љубов.
„Повеќето луѓе ја поврзуваат интимноста со сексот. Сепак, колку и да е важен сексот во врската, вистинската интима за која сонуваат жените е онаа поврзаност што се чувствува и кога не сте заедно, кога се чувствувате и размислувате како едно“, вели Шервен.
Други покажуваат поголем интерес
Ако жената види дека други и’ ласкаат, и’ отвораат врата, и’ отстапуваат место, и’ даваат внимание, а тоа не го добива од партнерот, тоа ќе ја раздрма врската. Жената сака да се чувствува посакувана од партнерот.