![Венко-Филипче-43645](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/Venko-Filipche-43645.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Засега не се предвидува воведување полициски час во земјава како мерка за заштита од ширењето на ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со новинарите.
Тој ги отфрли и шпекулациите дека за викендов, по примерот на некои соседни земји, би можело да биде ставен во сила полициски час.
– Ова е тежок и комплексен период, да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, да нема групирање на повеќе од четири лица на јавните места. Капацитетите на болниците се преоптоварени, како и медицинскиот персонал. Засега сметаме дека овие мерки се сосема доволни и ако во следниот период се почитуваат, тие ќе дадат соодветни резултати – рече Филипче.