Дојче банк предлага да се воведе нов данок од пет проценти на платите на работниците кои ќе изберат да работат од дома.
Според предлогот, даноците ќе ги плаќаат работодавачите, а остварениот приход ќе им се исплаќа на луѓето кои не можат да работат од своите домови, јави Би-Би-Си.
Како што е наведено, банката ја оправдува оваа мерка со тоа што смета дека тоа е фер, затоа што оние кои работат од дома заштедуваат пари и не плаќаат во системот како оние што го напуштаат домот за да одат на работа.
Во Велика Британија, Дојче банк смета дека преку данокот ќе се соберат 6,9 милијарди фунти годишно, што може да исплати грантови од 2.000 фунти годишно на работници со ниски примања и на оние кои се изложени на ризик од технолошки вишок.
Со години ни требаше данок за работа на далечина. Ковид-19 го направи тоа очигледно, рече стратегот на Дојче банк, Лук Темплмен.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, голем број работници се пренасочени да работат од дома.