![poliija soobrakajna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/poliija-soobrakajna.jpg?resize=639%2C384&ssl=1)
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 51, 38 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 85 мерки за непрописно паркирани возила и 23 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираа од МВР.