-0.2 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2025

(ВИДЕО) Невнимание на родителите причина за смртта на четири дечиња, судијата откри детали

Рајли Џон Холт (8), Киган Џонатан Унит (6), Тили Роуз Унит (4) и Оли Унит (3) загинале во февруари минатата година кога пожар избувнал во нивната куќа во Стафорд.

Локалниот судија, Ендру Хајг изјави дека по пожарот, во душеците било пронајдено стопено стакло од пепелник, пишува Дејли меил.

Полицијата првично ги привела Натали Унит (26) и нејзиниот партнер Крис Мултон (30) под сомнение дека извршиле убиство без умисла. Но, во август британското обвинителство објави дека не презема понатамошни активности.

Унит вчера, во текот на истрагата изјави дека страда од посттрауматско стресно нарушување и дека не може да се сети што правела кога избувнал пожарот. Сведочел и Мултон, таткото на трите деца, велејќи дека верува оти пожарот започнал на приземјето.

Но, вчера, истрагата покажала дека децата починале од вдишување „чад од пожар предизвикан од неизгасната цигара во спалната соба на родителите“.

За време на сослушувањето во Стафорд, се дознало дека социјалните работници ги предупредиле родителите за пушење во затворено пред трагичниот настан.

Пожарот избувнал нешто по 2,40 часот на 2 февруари минатата година. Мултон скокнал низ прозорецот на првиот кат со нивното најмало дете, кое во тоа време имало две години, а Натали Унит избегала низ влезната врата.

https://www.youtube.com/watch?v=kM1aJPoqTVs&feature=emb_title