![francija koronavirus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/francija-koronavirus.jpg?resize=696%2C376&ssl=1)
Франција во вторникот го мина пагот од два милиона потврдени случаи на зараза со коронавирусот од почетокот на епидемијата во февруари, соопшти челникот на Агенцијата за јавно здраство при француското министерство за здравство, Жером Саломон.
„Вториот бран е силен, смртоносен, вечерва го минуваме прагот од два милиона заболени од Covid-19, со 2.036.755 потврдени случаи“, рече Саломон на прес-конференцијата во Париз, односно нови 45.552 коронаинфекции во последните 24 часа.
Саломон додаде дека во понеделникот е забележана бројката од 33.500 ковид-пациенти хоспитализирани во Франција, иако „нашите заединички напори почнуваат да носат резултати и епидемијата забавува“.
Во текот на пикот на епидемијата пролетва во Франција бројот на хоспитализираните пациенти со коронавирус беше највисок на средината од април и изнесуваше 32.292 пациенти, со 6.500 лица на респиратори.
„Притискот врз болниците и натаму е силен“, рече Саломон.
Истакна притоа дека во моментов 4.854 ковид-пациенти се на респиратори, од вкупно повеќе од 8.000 пациенти со разни заболувања.
Во последните 24 часа во француските болници починале 427 лица, а вкупно од почетокот на епидемијата земјата официјално потврдила 46.273 смртни исходи поврзани со заразата на коронавирусот.
Вкупно „близу 26 милиони ПЦР тестови се спроведени од март и новите антгенски тестови се дополнителен адут“, а со такви од почетокот на ноември француските здравствени власти утврдиле 32.935 лица кои биле позитивни на коронавирусот.