Околу 8.000 луѓе се вратија во главниот град на непризнат Нагорно Карабах, Степанакерт, по прекинот на огнот во регионот, изјави шефот на градската администрација, Давид Саркисјан за Спутник.
„Да, луѓето се враќаат. Се вратија околу седум или осум илјади. Веќе 60 проценти од населението на градот. Луѓето почнаа да се враќаат веднаш штом престана пукањето.За околу пет дена, ќе се отворат неколку училишта. Продавниците веќе се отвораат .Има проблеми, но тие се решаваат “, објасни соговорникот на агенцијата.
Активната фаза на борбите во Карабах заврши ноќта на 9 ноември. Неколку дена подоцна, бегалците почнаа да се враќаат во Степанакерт.
Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никол Пашинјан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на непријателствата во Нагорно Карабах.Според изјавата, дел од регионот е ставен под контрола на Азербејџан, страните ќе разменуваат затвореници, а руските мировници ќе бидат распоредени долж контактната линија и долж коридорот Лачин што го поврзува Карабах со Ерменија.
Пашијан изјави дека одлуката за потпишување на договорот е исклучително тешка за него.Според него, доколку документот не беше потпишан, на Ерменија ќе и беше многу полошо. Алиев го нарече потпишувањето на изјавата капитулација на Ерменија. Како што изјави, договорот е исклучително поволен за Азербејџан, воената фаза е завршена и можно е да се премине на политички теми.