Сојузот на здруженија на дијабетичари бара да продолжи лекувањето на прогресивна ретинопатија со терапијата
, особено кај лицата со дијабетес и бараат министерот за здравство Венко Филипче да соопшти каков план има со пациентите кои имаат проблеми со очите по претворањето на Очната клиника во ковид центар. Барањето од Сојузот е упатено и до в.д. директорот на Фондот за здравство стево Крстевски.
Од Сојузот сметаат дека ризиот од слепило без оваа терапија кај лицата со дијабетес е многу висок.
„Апелираме за поддршка во третманот на дијабетичната ретинопатија со терапијата aflibercept кои од минатата година успешно ги воведовте како третман на лицата со дијабетес, бидејќи од почетокот на кризата во март не сме во можност да ја примиме оваа терапија на Клиниката за очни болести, а не гледаме ниту можно решение по претворањето на Клиниката во ковид центар овие денови“ се вели во барањето.
Според Сојузот, ниту една друга терапија не ни била оневозможена во сиот овој период, како оваа, а видот е засегнат кај речиси секој трето лице со дијабетес. Секој следен ден без терапија го зголемува повеќекратно ризикот за влошување на видот, па стравот и разочарувањето од можно слепило расте. Не сме сите во можност да ги покриеме трошоците за лекување во приватните институции, доколку истите не ни ги рефундирате.
– Заради сето наведено, и после речиси 9-месечен прекин на третманот, и неколку дена по одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот, чувствуваме дека е вклучен ЦРВЕН АЛАРМ за итно превземање на мерки за да се продолжи со лекување на нашиот засегнат вид.И лицата со дијабетес во нашата земја, заслужуваат најдобро здравје, зачуван вид, посветло утре и успешна борба со слепилото!Да потсетиме дека јавното здравје не е ниту бизнис ниту пак политика – додаваат од Сојузат на здруженија на дијабетичари.