Според неофицијалните податоци, откако во петокот до пред 21 часот не е објавен сѐ уште пресекот на дневно ниво, во изминатите 24 часа се регистрирани 1.273 нови случаи на заразата со коронавирусот, како и уште 40 смртни исходи како резултат на компликациите предизвикани од Covid-19.
Овие показатели се повисоки отколку ден претходно кога 1.198 новозаразени и 26 починати, но е во рамките на високите бројки на дневно ниво кои преовладуваат изминатите неколку седмици.
Сепак, ваквата изразено влошена епидемиолошка состојба, поради којашто Владата вечерва и прогласи официјално кризна состојба не е причина владејачкиот СДСМ; односно премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче да не се откажат од спроведувањето на предвремените избори за градоначалник во Штип и Пласница. И покрај тоа што редовните локални избори треба да се одржат по девет месеци, кога на глобално ниво се очекува стивнување на пандемијата и нормализирање на животот, што значи и помал епидемиолошки ризик од водење политички кампањи и одржување избори.
Во моментов Македонија е на 8-ма држава во Европа и 17-та во светот по бројот на смртни случаи на милион жители, со бројка од 671 починат на милион жители. Македонија е на 16-то место во Европа, а на 31-во место во светот по бројот на заразени на милион жители, со бројка од 24.007 вкупен број на заболени на милион жители. Македонија е на 107-мо место во светот, а на 37-мо место во Европа во број на направени тестови.
Спроед бројот на спроведените тестови на милион жители во светот, пак, Македонија е на 86-то место, додека во Европа на 42-ро место, од вкупно 48 земји во Европа од статистиката на Ворлдометар, со бројка од направени 144.095 тестови на милион жители. Наместо Филипче да прикрива случаи кога на лица поради тоа што не им е даден кислород починале, наместо да ги прикрива сопартијците доктори, менаџери одговорни за вакви случаи, треба да замине од функцијата. Време е за одговорност!Време е за оставка на Филипче, се наведува во соопштението на партијата.