Денешното студено време, придонесе на дел од планините низ Македонија да се појави и слаб снег. Ова го најави и Хидрометерелошкиот завод на Македонија.
Така првиот снег попладнево падна во Маврово, Нижеполе и Пелистер.
Во пониските места се можни појави на слаб дожд попладнево.
За утре прогнозите се исто така студено време, само со слаб до умерен ветер од северен правец.