Георгиевски: Заев и Пендаровски се согласиле со Бугарија дека Делчев е заеднички јунак

Поранешниот премир на Македонија, Љубчо Георгиевски во синоќешното гостување на емисијата „Клик Плус“ на телевизија ТВ21, истакна дека Зоран Заев и’ прифатил на Бугарија дека Гоце Делчев е заеднички јунак и дека за тоа, тој и претседателот Стево Пендаровски се подготвени да потпишат посебна декларација.

Ова Георгиевски го опишува не како напредок, туку како вистинска револуција која се случувала во Македонија, а жално е што Бугарија не го гледала тоа.

– Во неколку наврати Заев и Пендаровски се изјаснија дека се спремни да потпишат некоја декларација со која би прифатиле дека Гоце Делчев е заеднички јунак. Тоа е револуција која се случува во Македонија. Да кажеш дека гоце Делчев е заеднички јунак, тоа е како Бугарија да води 1-0, но после тоа да стави вето за ЕУ, тоа значи дека Бугарија од водство од 1-0, го изгуби натпреварот службено 3-0, рече Георгиевски, кој појасни дека бил во Бугарија на средби со државниот врв за да им објасни дека не треба да ставаат вето на Македонија за влез во Европската унија.