Во денешното издание на утринската емисија „Добро утро, секое утро” на ТВ Алфа, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија” Дарко Костовски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација, како и за штетните политики на власта во однос на преговорите со Бугарија.
Костовски на почетокот посочи на фактот дека веќе и најгласните поддржувачи на Заев изминатите неколку години, сега се дистанцираат од него и се оградуваат од неговите изјави во однос на македонските позиции во преговорите со Република Бугарија. Тој истакна дека речиси на секој еден граѓанин на Република Македонија му е јасно со тоа каков човек ја води државата и каков национален колапс се случува изминатите три години.
„Република Македонија мора да се прочисти од политичари како Зоран Заев. Тој всушност е добар пример за тоа каков човек не треба никогаш повеќе да ја води државата, односно дека човек без национална свест не смее да одлучува во име на државата. Доаѓа време на големи промени кога млади политичари ќе ја исправат Македонија и ќе ја застанат на здрави нозе”, рече Костовски.
Посочи дека Заев го промени името на државата со ветување дека земјата ќе биде нова членка на Европската унија, но тоа не само што не се случи, туку и соседите со кои Заев нѐ уверуваше дека имаме добрососедски договори, ја ничкосаа Македонија и ја доведоа во губитничка позиција.
„Тоа ние како македонски народ не смееме да го дозволиме, без оглед на политичката определба. Ова прашање е натпартиско, а кога се работи за Македонија, народот ќе се сплоти, заврши Костовски.