Сајкоски: Ако се потпише анекс на Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништи

Договорот со Бугарија не е ниту за добрососедство ниту за пријателство. Барањата на Бугарија не се нови и датираат од 1878 година од Санстефанскиот договор. Ако досега оваа нивна идеја не била реазлизирана, сега гледаме власт предводена од Заев што е спремна да прифати сѐ што ќе биде побарано. Ова, во интервју за „Република“, го објаснува Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

 

Во однос на скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција БГНЕС, Сајкоски вели дека Договорот потпишан со Бугарија во 2017 година, на македонската јавност и беше претставен како договор за добрососедство пријателство и соработка и како голема придобивка за Македонија. Но, денес се гледа дека овој договор не е за добрососедство и пријателство и не може да донесе идна соработка на двете држави.

„Барањата од страна на Бугарија слушаме и гледаме дека секојдневно се зголемуваат најпрво заедничка историја, идентитет, јазик секако морам да потенцирам дека ова се стари барања и датираат од 1878 година од Санстефанскиот договор. Но, ако низ годините оваа нивна идеја не била реализирана денеска гледаме власт предводена од Заев што е спремна да прифати се што ќе биде побарано од неа разговараат и за нашата посебност како народ. Имајќи го во предвид фактот дека народите се препознаваат и разликуваат меѓусебе преку јазикот, традицијата, културата, историјата, изградената колективна меморија. Барањата на Бугарија сега се јасни бараат да не постои македонски народ. Владата не поаѓајќи од историските документи, извори, сведоштва континуитет на постоење и борба на македонскиот народ ги руши сопствените позиции за жал и позициите на Македонија.

Сега се наметнува една дилема зошто баш сега дојде период да се негира постоењето на македонскиот народ или сега некој го докажува своето постоење со негирањетот на Македонците. Клучно прашање е дали нам ни е доведен во прашање и суверенитетот ако знаеме дека државата е суверена да ги регулира своите внатрешни работи: јазикот, националноста, образованието, учебниците и др. Симптоматично е дека наместо овој договор да не зближи со Бугарија и со бугарскиот народ со кој имаме одлични односи не раздели како никогаш до сега“, вели Сајкоски.

На прашањето, што планира ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт доколку Заев потпише анекс, нов договор во кој не се заштитени македонските интереси, Сајкоски вели дека доколку се случи тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништи таквиот анекс.

„Периодов опозицијата е исклучена од сите случувања кои се однесуваат на договорот со Бугарија. Но ние како ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати кажавме дека по доаѓањето на власт ќе го поништиме анексот на договорот со Бугарија доколку биде подпишан од страна на владата на Заев во ваква форма и на ваков начин на кој што во јавност ни го претставуваат“, истакнува Сајкоски.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.