Водостојот на Охридското Езеро во понеделникот е три сантиметри под дозволениот минимум, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, а нивото на Преспанското Езеро, пак, за 49 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.
За разлика од езерата, кај реките денеска ситуацијата е поразлична. Кај поголем дел од реките водостоите се повисоки во однос на вчера и на минатиот понеделник.
Исклучок е само реката Пчиња кај која нивото денеска е за два сантиметри пониско во споредба со вчерашиот ден