
За 10,7 отсто е намален бројот на починати од Ковид-19, а за 4,2 отсто е намален бројот на новозаразени, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември од тестирани 17.456 материјали во лабораториите.
Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа, регистрирани се нови 1120 случаи со Ковид-19, починати се 28 пациенти, а оздравени се 916. Најголем број од новозаболените, починатите и од оздравените се од Скопје.
Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 1296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид – центрите, информира Министерството за здравство.
Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 69452, бројката на оздравени пациенти е 45621, на починати е 1977, а бројот на активни случаи изнесува 21854.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 30085, активни 10969
• Куманово 4097, активни 657
• Дебар 504, активни 119
• Штип 2926, активни 494
• Прилеп 3435, активни 974
• Тетово 4182, активни 1007
• Струга 1669, активни 453
• Велес 2268, активни 701
• Битола 2462, активни 906
• Охрид 1870, активни 567
• Кавадарци 1510, активни 577
• Гостивар 2920, активни 929
• Гевгелија 848, активни 258 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 148 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1895, активни 595
• Крива Паланка 493, активни 135
• Радовиш 484, активни 127
• Крушево 148, активни 78
• Кочани 1349, активни 254
• Пробиштип 390, активни 83
• Демир Хисар 212, активни 58
• Македонски Брод 186, активни 40
• Пехчево 114, активни 20
• Берово 439, активни 122
• Валандово 236, активни 54
• Виница 404, активни 134
• Делчево 562, активни 284 (162 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 172, активни 47
• Свети Николе 920, активни 204
• Кичево 1387, активни 431
• Ресен 536, активни 212
• Неготино 747, активни 365 (110 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)