Британскиот регулатор за лекови препорача дека лица кои претходно имале значителни алергиски реакции не ја примаат вакцината на „Pfizer/ BioNTech“ против Covid-19 по двата извештаи за анафилаксија и еден за можна алергиска реакција од почетокот на масовното вакцинирање во Обединетото Кралство.
Анафилаксиката може да предизвика отекување на грлото, потешкотии со дишењето и отежнато голтање, наведува Американската академија за алергија, астма и имунологија. Анафилаксијата е претерана реакција на имунолошкиот систем, а британската Национална здравствена служба ја опишува како сериозна реакција и понекогаш опасна по животот.
Почнувајќи од повозрасните лица и медицинските работници кои се на првата линија на справувањето со инфекцијата од коронавирусот, Велика Британија започна во вторникот масовно вакцинирање на населнието, како дел од глобалното движење кое претставвуа еден од најголемите логистички предизвици во морновременската историја на човештвото.
Кој не треба да се вакцинира?
Британскиот регулатор за лекови прво објави дека секое лица кое имало значителна алергиска реакција на лек или на храна не смее да се вакцинира со вакцината за Covid-19 на „Pfizer/BioNTech“.
Подоцна во средата, британскиот регулатор објави дека никој со историја на анафилаксија на вакцина, лекови или храна, исто така, не би требало да се вакцинира со оваа вакцина.
Од „Pfizer“ претодно објавија дека ги изземале лицата со историја на значителни реакции на вакцина и/или компоненти на вакцината од завршните фази на испитувањето.
Според Александр Гинцбург, директор на московскиот научен центар „Гамалеј“ кој ја разви руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, коментираше во четвртокот дека конкурентската вакцина на „Pfizer/BioNTech“ може да бдие контраиндицирана за луѓе кои стрдаат од алергиски болести, бидејќи препаратот содржи РНК.
„Во врска со вакцината на Pfizer, бидејќи станува збор за препарат кој содржи РНК кој се инјектира во големи количества директно во човечкиот организам, а во него има интерферон кој реагира многу активно на секоја надворешна РНК која се внесува во нашиот организам. И не е исклучено во оваа форма на вакцина којашто ја користи Pfizer, да се само контраиндикација за оние луѓе кои страдаат од алергиски заболувања и чијашто имунолошка реакција е природно зголемена“, појасни Гинцбург за телевизијата Россия 24.
Вакцината на „Pfizer/BioNTech“, смета рускиот експерт, по ова ќе бара дополнителни истражувањата за да утврди дали таа може да се користи кај луѓе кои патат од алергии.
По овие информации се очекува дека американските регулатори ќе го преиспитаат итното одобрување за вакцината на „Pfizer/BioNTech“, набрзо по состанокот со советниците во четвртокот.
Монсеф Слауи, шеф на телото на американската администрација за развој на вакцината, изјави во средата дека се надева оти алергиските реакции во Британија ќе ги разгледаат во американската постапка за одобрување на оваа вакцина и дека лицата со историја на сериозни алергиски реакции не би требало да се вакцинираат, додека не се дознаат повеќе информации за вакцината, пренесува агенцијата Associated Press.
Како реагираат лекарите?
Некои лекари ја поздравија претпазливоста на британските регулатори, додека други тврдат дека широките ограничувања не се оправдани со доказите кои се достапни во моментов.
„За општата популација, тоа не значи дека би требало да бидат загрижени поради вакцинирањето, вели за Reuters Стивен Еванс, професор по фармакоепидемиологија во Лондскиот колеџ за хигиена и тропска медицина. Но вели дека би било мудро дека „секој кој имал толку сериозна алергиска реакција со себе мора да има EpiPen (антиалергиска терапија), да го одлижи вакцинирањето додека не се разјасни причината за алергиските реакции“.
Вирологот од клиниката „Мајо“, Грегори Поланд, кој е советник на американските регулатори, ја опишува британската рана реакција како „претерана“ и наведува дека првата препорака поврзана со алергиите на храна „нема никаква врска со ова“.
„Јас би рекол: ‘Доколку сте имале анафилактички ракции на вакцините, сакаме да знаеме за тоа за да бидеме особено претпазливи. Тоа не значи дека не би ве вакцинирале. Но би го сторил тоа во контролирано опкружување“, вели Поланд.
Питер Опеншоу, професор по експериментална медицина од лондонскиот Империјал Колеџ, пак, ја фали реакцијата на британскиот регулатор.
„Фактот дека многу брзо дознавме за овие две алергиски реакции и дека регулаторот издал препораки од предострожноср, покажуваат дека системот за контрола добро функционира“, вели Опеншоу.
Мичел Грејсон, шеф на одделот за алергии и имунологија во Националната детска болница во Охајо, изрази зариженост дека овој случај ќе ги одврати луѓето од вакцинирање.
„Ме загрижува тоа дека целиот овој случај ќе доведе до тоа милиони да не сакаат да се вакцинираат поради тоа што го слушнале“, вели Грејсон.
Британските лекари, на прашањето колку се чести и значајни алергиите, велат дека смртните сличаи и натаму се ретки и не се зголемиле и покрај порастот на болничките приемии во многу земји.
„Во Обединетото Кралство во 2012 година мало околу седум хоспитализации на 100.000 луѓе поради сериозни алергии. Тоа вклучувале различни причинители како храна, лекови и убоди од инсекти“, вели Луиза Џејмс, експертка за имунологија во лондонскиот Универзитет Кралица Мери.