
Актерот Томи Листер, можеби најпознат како силеџијата во комедијата „Петок“, како и споредните улоги во „Петтиот елемент“ и други филмови, почина вчера. Тој бил најден во својот дом, без знаци на живот. Имаше 62 години.
Наводите ги потврди неговата менаџерка Синди Каван. Таа рече и дека последниве денови пројавил симптоми на коронавирус.
– Тој беше прекрасно момче со златно срце. Сите го сакаа. Вистински џин на нежноста. На сите ни е скршено срцето, објави таа.
Филмскиот џин познат како „малиот“ (tiny), ќе се појави во филмовите „60 минути за убиството“ (60 Minutes to Kill) „Отпадници“ (Renegades), закажани за наредната 2021 година.