Изречени 642 казни за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.12.2020 година) на територијата на државава, по однос на мерката за  неносење лична заштита на лице, регистрирани се  642 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.