Во Јапонија најголем број пациенти на интензивна нега од почетокот на пандемијата

Print

Јапонија има најголем број на пациенти со Ковид-19 на интензивна нега од почетокот на пандемијата – рекордни 588 пациенти со коронавирус се во критична состојба, објави јапонското Министерство за здравство.

Во Јапонија, вчера беа потврдени 1.677 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, а други 58 лица починаа како резултат на таа инфекција.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 182.582 случаи на инфекција и 2.656 смртни случаи.

Како одговор на наглото зголемување на бројот на новоинфицирани и хоспитализирани, локалните власти засилија анти-епидемиски мерки.

Токио побара забраната за ресторани и барови (работа до 22 часаот) да биде продолжена до 11 јануари, а префектурата Осака побара мерката за предвремено затворање на сите ресторани и барови што служат алкохол во градот Осака да биде во сила до 29 декември.