![александар николоски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/aleksandar-nikoloski-1.jpg?resize=696%2C414&ssl=1)
Во однос на историјата, мислам дека ова е прилично болно прашање коешто се отвора. Зоран Заев разговара за работи за коишто нормален човек, нормален Македонец не би ни помислил да разговара, а не пак да преговара за работи коишто се факт, коишто се непобитни, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во саботата во текот на гостувањето во емисијата „Стадион“ на радиото Канал 77.
Како што рече Николоски, македонската борба за државност и за национално осамостојување има јасен политички и историски континуитет кој не може да биде пресечен, а според него тоа е целта на Бугарија.
„Таа борба започнува во средината на XIX век преку преродбениците, продолжува низ бројни востанија кои што се водени на македонска територија, на кои што круна е Илинденското востание, понатака доаѓа распарчувањето на Македонија во Балканските војни и Првата Светска војна. Отпорот кој што се случува помеѓу двете Светски војни е едно живо практично востание кое што го имате на територија и на географска Македонија и на денешна Република Македонија. Круната таа битка ја добива на 2-ри август Илинден 1944 година во АСНОМ, а своето финале го добива на 8-ми септември 1991 година со Референдумот за независност“, рече Николоски
Додаде дека токму овие настани претставуваат јасен континуитет на македонската политичка борба за независност, државност и самобитност на македонскиот народ по јасно дефинирани позиции коишто се различни од сите наши соседи. И за тоа, како што истакна Николоски, разговори и преговори не смее воопшто да има, затоа што тие би значеле поткопување на македонската државност.
„Протестите изникна од народот затоа што еден голем револт се случи кај луѓето за тоа што видоа што Зоран Заев прави и низ тоа интервју за БГНЕС сликовито покажа што работи во целиот изминат период и на што мисли да работи во периодот што доаѓа. Тоа не беше реакција само на ВМРО-ДПМНЕ, беше на едни пошироки општествени структури, на мое големо задоволство после подолго време сепак се јави и МАНУ, се јави и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, се јавија и бројни општествени организации кои што реагираа. Реагираше и МПЦ, реагираа и незадоволни структури и во СДСМ и во други политички партии кои што се од власта и секако реагираше и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски.
Посочи дека единствена причина што Зоран Заев не потпиша нов анекс со Бугарија е отпорот на граѓаните во Македонија. Народот му покажа на Заев кај му е местото и да не чепка по националните интереси.
„Дали е вистина дека Зоран Заев незадоволен од работата на историската комисија затоа што не му потпишува се што ќе политички договори со Бугарија, работи на компромитација на неколку нејзини членови. И работи на промена на историската комисија затоа што комисијата ја именува МНР со цел да се постави комисија која што ќе потпише сето она што е желба и политичка волја на Зоран Заев и Владата. Ова е легитимно прашање кое што ја интересира македонската јавност, а на кое што седми ден немаме одговор“, потенцираше Николоски.
Рече дека според информациите кои дошле до него, целоиот состав на комисијата ќе биден сменет од страна на владата, бидејќи не можело во рамки на комисијата да се најде „јадро“ од еден или повеќе членови коишто би оделе во линија на попуштањата коишто сака да ги направи Зоран Заев.