
Произведувачите на автомобили и електрични уреди, од телевизори до паметни телефони, предупредуваат на глобален недостиг од чипови што предизвикува доцнење во производството, и тоа токму во периодот на закрпенувањето на потрошувачката од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Овој проблем има неколку причини, велат во анализата на Reuters извршни директори во индустријата и аналитичари, меѓу кои ги наведуваат и пожарот во една јапонска фабрика за чипови, затворањето погони поради спречување на ширење на пандемијата во југоисточна Азија и штрајк во Франција.
Уште една краткорочна причина за недостигот од чипови, како што наведуваат, е трупањето резерви на кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei“, пред стапувањато на сила на американските санкции за неговите добавувачи кон средината на јуни.
Меѓутоа, најголем проблем се недоволните вложувања во фабрики за производство на чипови од 8 инчи, повеќето во сопственост на азиски компании, кои не го следеле побрзиот од очекуваниот раст на побарувачка на паметни телефони со 5G технологија, на преносни компјутери и на автомобили.
„За целата електронска индустрија имаме недостиг на компонентни. Во почетокот планиравме да го завршиме производството за еден месец, но сега веројатно ќе бидат потребни два месеца“, вели Дони Жанг, извршен директор на кинеската компанија „Sand and Wave“ истакнувајќи го проблемот со микроконтролери, клучни за производството на паметни слушалки на чиј развој во моментов работат.
Јапонски добавувач на електронски компоненти во споменатата анкета тврди дека недостигаат вифи и блутут чипови, како и дека се очекува доцнењата да бидат подолги од 10 седмици.
Кинеската автомобилска индустрија проценува дека производството на некои кинески произведувачи поради недостигот од чипови ќе биде погодена во првиот квартал следната година.
Побарувачката на кинеските потрошувачи, особоно за автомобили, неочекува брзо се опоравила од кризата. Истовремено, пораснале и нарачките за производи како што се преносните компјутери и мобилните телефони во регионите во светот кои сѐ уште се справуваат со сузбивањето на пандемијата, како Европа и САД.
Растот на побарувачката го зголемува притисокот врз произведувачите на 8-инчните чипови. Тајванската фабрика за чипови TSMC е најголемиот светски преизведувач на договорни чипови, веднаш зад неа е јужнокорејски „Samsung“, а следат SMIC, „GlobalFoundries“ и UMC, според податоците на аналитичарите во Trendforc.
„Се чини дека проблемот главно е во фабриките за чипови“, истакнуваат извори од европската индустрија на полупроводниц, додавајќи дека особено под притисок се TSMC и „GlobalFoundries“.
Од TSMC, кој ги снабдува гигантите „Apple“ и „Qualcomm“, одбиле да го коментираат ова тврдење, но претходно еден од нивните директори ги опиша капацитетите како „тесни“. Во „GlobalFoundries“, пак, велат дека вложуваат во „јакнење на капацитетите за да ја задоволат досега незабележаната побарувачка“. Компанијата планира во 2021 година да ги удвои капиталните инвестиции за да го зголеми производството.
Од јужнокорејската компанија „DB Hitek“, која го снабдува „Apple“ со чипови за таблети, наведуваат дека нивните погони за производство на 8-инчите чипови ќе работат со полн капацитет барем следните шест месеци, а очекуваат дека понудата ќе биде недоволна сѐ до втората половина на следната година.