Додека Филипче спие, вакцини стигнаа во соседните земји и стартува вакцинацијата против корона, а во Македонија ни трага ни глас. Во Македонија, Владата допрва ќе формирала комисија за директни преговори со фирмите производители на вакцини.Македонија доцни со месеци зад другите земји во регионот, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„ Да го потсетиме Филипче како тече процесот во земјите од соседството. Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера се вакцинираше прва со што стартуваше вакцинацијата во Србија, Грција започнува со вакцинација на 27 декември, a првиот ден поред најавите во медиумите треба да се вакцинира и претседателката, Катерина Сакеларопулу. На 27 декември стратува вакцинацијата и во Хрватска, а деталите за вакцината и целиот процес ги презентираше премиерот Андреј Пленковиќ во вторникот на 22 декември“, се вели во реакцијата.
„Вие треба да дадете многу детали како за набавка на вакцината, од кого, кога и колку ќе стигне во Македонија, и секако за самиот процес на вакцинирање како е организиран и кога ќе стартува. Очигледно и двајцата не знаат, а зошто би се замарале со здравјето на граѓаните кога како и во многу други работи, па така и во ова гледаат очигледно простор за бизнис. Филипче зборува за измени на Законот за јавни набавки, биле наводно неопходни за набавка. А измените се во делот на плаќање на аванс поголем од 20 проценти и да не мора дистрибутерот да приложи приложи банкарска гаранција за учество на тендер. Во превод, ова се толкува вака, ќе може на тендерот да се јави и нова фирма за набавка на вакцините, без никаква историја на претходна работа, а за да ги набави истите ќе и плаќаат авансно или ќе работи со пари на државата, бидејќи нема да мора да приложи банкарска гаранција. Филипче и Заев доста со малверзации и лажење на граѓаните, дури и сега, дури и за набавка на вакцини“, стои во реакцијата.