![merkel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/pk_nach_euco_merkel.jpg?resize=696%2C371&ssl=1)
Пандемијата на новиот коронавирус е предизвик за демократијата и бара важни одлуки кои понекогаш доведуваат до ограничување на основните слободи на граѓаните.
Ова го изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за списанието ДБ Мобил.
– Оваа пандемија е предизвик за демократијата. Ограничувањето на заштитените права од страна на Владата и провинциите е една од најтешките одлуки за време на мојот мандат како канцеларка – призна Меркел.
Според неа, на крајот на 2019 година, таа не можела ни да замисли дека пандемијата ќе стане толку сериозен предизвик за земјите, нивните општества и економии.