Бајден го повика Трамп да стави крај на „опсадата“ на Капитол

Избраниот американски претседател Џо Бајден рече во средата во обраќањето на нацијата дека хаосот во американскиот Конгрес се „граничи со бунт“ и го повија актуелниот претседател Доналд Трамп да стави крај на тоа.

Во меѓувреме по двата повика на Трамп до негвоите приврзаници да се повлеќат, телевизиската мрежа ABC News, јави дека дел од демонстраните кои се наоѓаа на скалилата на Капитол откако пробија неколку полициски кордони а дел влеза во зградата на парламентот, започнале да се повлекуваат,

Бајден го повика Трамп да истапи и да побара од своите приврзаници крај на „опсадата“ на Капитол. Порача дека хаосот во зградата на Конгреспот се „гранички со бунт и мора веднаш да се стави крај“,

Од преспконференија од Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, Бајден повика Трамп „да се појави на националните телевизи и да ја исполни својата свечена обрска да го заштити уставот на земјата и да побара завршување на опсадата“.

Бајден ги нарече немирите во Вашингтон бунт кој го загрузува американскиот демократски систем.

„Во овој момент нашата демоктатија се најде под напад без преседан, Во поновата историја никогаш се нема случено вакво нешто. Ова не е протест, туку бунт“, изјави Бајден.

Сцени на насилство и хаос владеат во моментов на вашингтонски Капитол, центарот на американската власт, во кој и покрај обилното користење на солзавец упадна маса приврзаници на претедателот Трамп кои се убедени дека на републиканецот му е украден изборната победа на претседателските избори на 3-ти ноември и денеска сакаа да го спречат верифукувањето на гласовите на ткн електорски колегиум кој ја потврдува победата на Бајден.