2.8 C
Skopje
петок, јануари 24, 2025

Денешната манипулација на Шилегов дека го чисти снегот не е првата, лани плати милион евра за чистење снег иако не заврна цела сезона

Јавноста ниту заборава, ниту има проблеми со помнењето околу скандалите и манипулацијата на граѓаните на Скопје од страна на градоначалникот Петре Шилегов секоја зима.

Истото се случи и оваа година откако лани беше откриен милионски скандал и тендер за чистење на снег, а снег не видовме, а пак годинава градските власти се пофалија дека го чистат снегот кој паднал во Скопје, а освен мокри улици од дождот викендов нема речиси ништо останато.

Градскиот татко на главниот град Петре Шилегов на Фејсбук се пофали дека градските служби подготвени го дочекале првиот снег за оваа година и дека градските улици и булевари се расчистуваат од снегот во исклучително кратки рокови.

Но, нејасно е каде го виде Градоначалникот Шилегов снегот во Скопје со оглед на тоа што во главниот град не наврна ниту една снегулка. А и нејасно е кога и каде градските служби излегоа на терен и што всушност чистеле.

По негативните коментари на објавата на Шилегов од страна на граѓаните, постот од социјалната мрежа беше избришан.

Инаку ова не е прв ваков скандал од страна на Шилегов.

Огромен скандал во начинот на трпшење на државните пари открија документите до кои стигна „Економски Лидер“ уште минатата година.

64.900.000,00 денари е договорот кој Петре Шилегов го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за оваа и наредната зима (станува збор за 2019-2020 година) – покажуваат документите до кои стигна „Економски Лидер“.

Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво (имаш ова во договорот прилог), се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво.

Само за првите два месеца (15ти Ноември 2019 до 15ти Јануари 2020) Петре Шилегов кон фирмата добитник на тендерот исплаќа околу 263.000 евра или околу 16.225.000 денари а за истиот овој период фирмата има реални трошоци од нула денари.

Снег годинава не видовме. Според временските прогнози снег нема да има и до крајот на оваа зима (15 Март 2020 согласно договорот на Шилегов) и тоа ќе значи дека оваа зима фирмата добитник на тендерот ќе добие на сметка над 500.000 евра. Значи над половина милион евра за ништо, за скоро нула денари трошок.

Доколку и следната зима има временски услови како оваа зима фирмата Аполо Инженеринг со која Петре Шилегов склучи договор ќе инкасира над 1.000.000 евра (64.900.000 денари) а при тоа имала минимални трошоци. Во превод чист милион евра во џеб.

Очигледно е дека Шилегов се грижи за интересите на приватните фирми наместо да ги зајакнува капацитетите на јавните претпријатија под капа на град Скопје.

-Носител на зимската служба во градот Скопје е ЈП Улици и патишта, основано од Град Скопје. Ова претпријатие има многу стара механизација, поготово камиони кои се потребни за расчистување на снегот. Преку 40 години е старост на најголем дел од камионите.

-Механизацијата која ја користи фирмата добитник на тендерот за расчистување на снег во зимски услови е исто така стара, најголерм дел од возилата се со старост над 15 години, најголем дел донесени од Велика Британија, со цена не поголема од 30 000 евра за едно возило. Во превод со парите кои ќе ги добие од овој договор Аполо инженеринг може да си купи уште 30 возила за расчистување на снег.

-Доколку Петре Шилегов се грижи за буџетот на граѓаните со кој располага и за кој има законска одговорност и доколку се грижи за градските скопски јавни претпријатија овие средства од 64.900.000 денари ќе ги наменеше за градските служби, со овие средства одговорното претпријатие за одржување на улиците во услови на снег – ЈП Улици и патишта, можеше да купи 10 целосно нови современи камиони за расчистување на снег. И со ова градот Скопје ќе имаше нова, современа и стабилна механизација за расчистување на снег и при тоа ќе беше во негова сопственост.

Следува логичното прашање: Зошто Петре Шилегов повеќе се грижи за благосостојбата на една приватна фирма и длабокиот џеб на нејзиниот сопственик отколку за подобрување на состојбата и стабилизирање на градските претпријатија на чие чело стои токму Шилегов ?
Зашто градоначалникот на Град Скопје не се грижи за подобрување на состојбата и квалитетот на улугите кои ги испорачуваат јавните градски претпријатија чиј основач е Градот Скопје ?

Во прилог и договорот кој Шилегов го потпишал со оваа компанија: