Рефундирање на средствата за набавка на автомобил за лица со инвалидност

Владата денеска усвои Програма за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2021 година.

-Оваа програма има за цел да овозможи полесен пристап до автомобил на овие корисници, а со тоа и нивна полесна мобилност и социјална вклученост во заедницата, се наведува во соопштението од 38-мата владина седница.