
Фејсбук објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:
Кога Владата за своите во Штип е “мајка”, а за народот во Вевчани “маќеа”.
Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада.
Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.
Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ…
Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта.