3.8 C
Skopje
четврток, декември 26, 2024

Вакцините станаа главна лажна вест на Заев и Филипче

Лани во ноември-декември Заев и Венко ги лажеа граѓаните дека Грција и Бугарија веќе нарачале анти-корона вакцини и за Македонија.

Денес во цела Европа граѓаните имаат можност да се вакцинираат против оваа болест, само кај нас народот е во неизвесност, вакцини нема ни за лек, а многу пациенти, лекари и медицински сестри се борат за живот, оставени сами на себе!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратениокот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, откако вчера Филипче рече дека не добиле вакцини од соседна Грција и Бугарија бидејќи не добиле доволна количина за себе.