Le Monde: Агенцијата на лекови на ЕУ можеби била под притисок при одобрувањето на вакцината на „Pfizer“

(AP Photo/Frank Augstein, Pool)

Европската агенција за лекови (ЕМА) можеби била под притисок во текот на постапката за одобрување на вакцината која ја создадоа американската фармацевстска компанија „Pfizer“ и германската биотехнолошка компанија „BioNTеch“, пишува францускиот дневен весник Le Monde.

„Документите за вакцините против коронавирусот, украдени во кибернетичкиот напад врз Европската агенција за лекови а кои потоа протекоа на интернет, го покажуваат притисокот со кој се соочила агенцијата за брзо одобрување на вакцината на Pfizer/BioNTech“, се наведува во написот на весникот кој „имал увид во дел од овие документи“.

„Најмалку пет електронски пораки сугерираат на притисокот со кој се соочила аганцијата да го забрза процесот на одобрување на првата вакцина против коронавирусот“, пишува Le Monde.

Така, се наведува уште дека „во разговорот на 12-ти ноември, еврокомесарката за здравство Стела Киријакидис инсистриала на тоа ‘сите земји на ЕУ да ја добијат вакцината истовремено’, таа исто така советувала ‘да не се принудуваат земјите да ги применуваат националните процедури, бидејќи тоа може да доведе до забавувања во процесто на одобрување на вакцините“.

Во написот на Le Monde, исто така, се нагласува ддека „на 19-ти ноември восокопозиционирен функционер на ЕМА се повикал на теле-конференцијата со ЕУ, која се одвивала ‘во прилично напната атмосфера’“. Тоа, како што пишува весникот, „дава претстава за тоа што може да очекува ЕМА, доколку не се исполнат очекувањата“.

„Следниот ден во текот на разговорот со Данската агенција за лекови, истиот официјален претставник рече дека е изненаден што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен ‘јасно определила две вакцинји кои може да бидат одобрени до крајот на годината (Pfizer-BioNTech и Moderna)“, пишува натаму Le Monde.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на 9-ти декември потврди дека била цел на кибернетички напад. Според агенцијата, хакерите добиле пристап до информаци поврзани со лекарства и вакцината за коронавирусот, кои се сопственост на трети страни, и дека засегнатите компании биле известени за инцидентот. Претходно на 12-ти ноември, ЕМА објави дека некои податоци за лекови и вакцините против коронавирусот протекле на интернет.