САД надминаа 400.000 починати од коронавирусот ден пред инаугурацијата на Бајден

Бројот на починатите од коронавирусот надмина 400.000 во САД во вторникот, според податоците на Унуверзитетот „Џонс Хопкинс“, ден пред инаугурацијата на 46-от американски претседател Џо Бајден.

Според податоците на универзитот, САД има 24,1 милиони заразени од почетокот на епидемијата на короанвирусот.

САД, кои имаат околу 330 милиони жители, има далеку најмногу заразени и починати во апсолутни бројки во светот. Сепак, некои држави имаат повеќе починати во однос на бројот на жителите, на пример Италија, Велика Британија или Белгија.

Бројката од повеќе од 400.000 смртни исходи во САД доаѓа ден пред инаугурациајта на Џо Бајден кој вети дека приоритет на неговата администрација ќе биде борбата против пандемијата и забрзана вакцинација на населнието,

Меѓутоа, во неделата неговата кандидатка за директорка на Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC), Рошел Валенски изјави дека очекува дека до средината на февруари бројот на починатите во САД од последиците на компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19 ќе се зголеми на 500.000. Тоа би претставувало раст од околу 100.000 за само неколку седмици.

„А сѐ уште ги немаме видено последиците од патувањата за празниците… Значи, да, мислам дека пред нас се и натаму мрачни седмици“, рече Валенски.

Директорот на CDC во заминување, Роберт Редфилд, упати слично предупредување изминатиот викенд, изјавувајќи во разговорот за американското национално радио NPR дека САД „наскоро ќе се најдат во најлошата“ фаза од пандемијата.