Роухани го повика Бајден да ги врати САД во нуклеарниот договор и да ги укине санкциите за Иран

Иранскиот претседател Хасан Роухани го повика во средата новизбраниот американски претседател Џозеф Бајден да ги врати Соединетите држави во меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година и да ги укината американските санкции кој ја разоруваат иранската економија.

Бајден, кој подоцна денеска ќе биде инаугуриран во 46-от претседател на САД, изјави дека Вашингтон повторно ќе се придружи на договорот кој во Виена во ноември 2015 година го постигнаа шесте светски сили со Исламската Република, но само под услов Техеран строго да се придржува до неговите одреби.

„Сега топката е на американската половина од теренот. Доколку Вашингтон се врати на иранскиот нуклеарен договор од 2015-та, ние исто така целосно ќе се придржуваме на одредбите од тој пакт“, изјави Роухани во телевизискиот пренос од седницата на иранската влада.

Рече дека Иран очекува враќање на новата администрација на владеењето на правото, како и дека следните четири години, доколку е можно, да се отстранат споровите настанати изминатите четири години.

Повеќедецениските тензии меѓу САД и Иран дополнително се заострија откако претседателот Доналд Трамп во мај 2018 година ги повлече САД од нуклеарниот договор и ги врати старите остри санкции. Техеран, незадоволен како европските сојузници на САД – Велика Британија, Германија и Франција, исто така, потписнички на договорот, поради страв од санкциите не успеваат да ги задржат нивните инвестиции во иранската економија и да ја заштитат од рестрикциите, започна постепено да суспендира дел од своите обврски произлезени од договорот.

Санкциите во последните две години доведоа до сериозна економска криза во Иран, која резултираше и со бунт во кој имаше мртви. САД ги воведоа санкциите за да извршат притисок врз Техеран да се согласи на поголеми ограничувања за својата нуклеарна програма, но и за да се согласи на нов договор кој би ја вклучувал и неговата програма за развој на балистички проектили. Исто така, Вашингтон со санкциите ги исполни своите обврски кон своите арапски сојузници на Блискиот исток и Израел, кои стравуваат од зголеменото политичко и воено влијание на Иран во регионот.

Иран со децении негира дека има намера да развие нуклеарно оружје, тврдејќи дека шиитскиот ислам кој е доминантна религија во земјата забранува оружја за масовно уништување. Но на политиката на „масимален притисок“ од страна на САД во мандатот на Трамп, возврати со повторно збогатување на восики проценти на ураниум. А сега тврди дека брзо би ја напуштил таквата политика, дококлку Бајден ги укине санкциите.

Ентони Бликнек, изборот на Бајден за нов шеф на американската дипломатија, во вторникот на сослушувањето на конгресната комисија, рече дека САД нема да брзаат со носењето на одлуката за иранскиот нуклеарен договор.