„Од аспект на образовните реформи кои што ги најавуваат иако не знам колку може тоа да се нарече реформа кога пак ќе кажам изостанува суштинска анализа на што проблем имаме, од каде произлегуваат тие проблеми за да можеме да дејствуваме како држава и да ги анулираме тие проблеми и да добиеме на крај конечен производ, а тоа е дека треба да имаме поквалитетно образование. Никој не спори дека реформи во образованието треба да има, меѓутоа начинот на кој што се спроведуваат е многу спорен“, рече Бране Петрушевски пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при своето гостување во емисјата „Што не е јасно“.
Петрушевски додаде дека ако се проанализира може да се дојде до заклучок дека сите инсититуции и универзитети имаат завелешки на предлог реформите на СДСМ.
„Ако на една страна ги имам сите институции, поединци, интелектуалци кои што реагираат и на друга страна ја имам Мила Царовска како министер кој што претходно беше министер за труд и социјална политика па таму „реформираше“, потоа стана вицепремиер за економски прашања па видовме колку ја реформираше и сега истата како врвен експерт за се во државата треба да го реформира образованието. Но јас како граѓанин би ја избрал оваа страна каде што има тешкаши, каде што има интелектуалци, каде што има иснтитуции кои што вредат многу во оваа држава и мислам дека мора буквално мора да се земат нивните забелешки и да се стават на маса и да се имплементираат онака како што бараат“, појасни Петрушевски.
Петрушевски посочи дека вака Царовска ќе го уништи образованието.